Престанете да ги „гуглате“ вашите здравствени симптоми и пробајте ја оваа неверојатна апликација!
Сите ние понекогаш се претвораме во хипохондрици. Признајте дека ви се случило во 3 часот наутро да пребарувате симптоми на Гугл за да откриете какво значење има необјаснивиот осип што ненадејно ви се појавил! Сепак, иако сите сме го направиле ова, не смее да се занемари фактот дека Интернетот претставува црна дупка од погрешни информации кои воопшто не се медицински потковани. Тоа значи дека „болеста“ што сами сте си ја дијагностицирале е далеку од реалноста и само непотребно ќе ве испаничи и исплаши.
Доколку секогаш го одбегнувате лекарскиот преглед за симптомите што ве загрижуваат и претпочитате сами да си поставувате дијагноза, сигурни сме дека многу ќе ви се допадне најновата апликација за здравје. Станува збор за апликацијата Buoy создадена од страна на доктори од медицинскиот факултет на Харвард. Со помош на вештачка интелигенција, апликацијата поставува дваесетина прашања за да ви помогне самите да ја дијагностицирате вашата болест за помалку од неколку минути.
Сѐ што треба да направите е бесплатно да ја симнете апликацијата и да отворите акаунт со вашата имејл адреса. Веднаш потоа ќе можете да почнете со размена на пораки поврзани со вашите симптоми. На пример, медицинскиот робот по име AI ќе ве праша: „Кој симптом најмногу ви пречи?“. Ако одговорите со „Кашлањето“, ќе следува прашањето „Дали чувствувате шлајм во вашето грло?“ и така натаму. Прашањата ќе стануваат сѐ подетални како што ќе ги опишувате вашите симптоми.
На крајот, апликацијата која користи податоци извлечени од медицинска литература и вистински доктори, ќе ја постави вашата дијагноза. Вреди да се спомене дека апликацијата ја давала истата дијагноза што ја поставувале и вистинските доктори во 90% од случаите.
Секако дека ова не е замена за вистински доктор, но дефинитивно подобро е да ја користите оваа апликација отколку да пребарувате по Гугл. Доколку сакате да ја испробате и симнете апликацијата, кликнете тука.
Погледнете ги и овие 7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат.