Преклопувачки телефон со 3 екрани
Пред да почнете да се возбудувате, да ве предупредиме дека се работи за концепт за мобилен телефон, но идејата и дизајнот се прекрасни и иновативни, па вреди да ги погледнеме.Телефонот наречен Флип е дизајниран од страна на Кристијан Улрик Ларсен. Работи на оперативниот систем Андроид, а физички е составен од 3 преклопувачки екрани со Super AMOLED технологија зад кои се крие QWERTY тастатура. Флексибилноста ја овозможуваат челичните зглобови кои ги поврзуваат деловите.Преклопувачкиот телефон може да се користи стандардно, во вид на плочка, може да се отвори како шатор, дури и да се намести како книга. Се надеваме дека овој концепт ќе стане физички реален во блиска иднина, а во меѓувреме погледнете ја магијата што би ја правел овој супер стилски мобилен телефон.