Предности и недостатоци на телевизорите со закривен екран

Предности и недостатоци на телевизорите со закривен екран

Како резултат на брзиот развој на технологијата и потребата да се изненадат потрошувачите со иновативни производи, на неодамна одржаниот саем за електроника CES во Лос Анџелес имавме можност да ги видиме закривените OLED телевизори на Samsung и LG.

Предности и недостатоци на телевизорите со закривен екран

Некои се воодушевуваат на оваа иновација, но други се скептични, па еве неколку информации околу нивните добри и лоши страни:

  • Екранот делува како големо платно во кино и има футуристички дизајн.
  • Квалитетната слика веднаш го зграбува вниманието на гледачот.
  • Гледачот кој седи централно пред телевизорот има најдобар преглед, но оние кои седат странично немаат најдобар агол на гледање.
  • Од централната позиција, буквално не се гледаат рабовите на екранот што овозможува сосема различно доживување во споредба со она што го нудат обичните телевизори. Ова е најдобра вест за страсните гејмери.
  • Корисниците нема да можат да постават закривен телевизор на ѕид.
  • Цената е можеби најголемиот проблем кај телевизорите од овој тип. Моментално тие се недостапни за просечните купувачи, бидејќи нивната вредност се движи од 10.000 евра па нагоре.

Закривеноста на телевизорите е силно забележлива кога ќе се погледнат одозгора, додека штом гледачот седне напред, таа веќе скоро исчезнува. Веројатно најголемата причина поради која овие телевизори се закривени е поради фактот дека двете компании имаат технологија со која можат да го постигнат тоа. Инаку, самата форма на овие телевизори, не прави друга поголема разлика.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар