Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации
Леталото InSight, скратено од „Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport“, слета на црвената планета на 26-ти ноември оваа година. Целта на овој приземјувач е детално да го провери Марс. Погледнете како изгледале подготовките за овој неверојатен подвиг.
1. Склопување
Експертите го склопиле леталото во јануари, 2015-та година во просторите на „Локхид Мартин вселенски системи“ во Денвер.
2. Трикови
Леталото било тргнато од основата на контејнер за склад на 20-ти јуни, 2017-та година. Раката на леталото со должина од 1,8 метри служи за подигнување на сеизмометар и пробивање на површината на Марс. На него има и камера која ќе дава 3Д поглед кон местото на слетување и другите активности.
3. Собирање сончеви зраци
Панелите на приземјувачот биле отворени и на Земјата со цел да се тестираат. За време на тестирањето кое се одвивало на 23-ти јануари, 2018-та година во Локхид Мартин, инженерите го набљудувале отворањето и работењето на соларните ќелии.
4. Патување со камион
Откако било изградено и тестирано, леталото било ставено во камион на 28-ми февруари, 2018-та година. Неговата прва станица била Воздушната база Бакли.
5. Патување во воздух
Откако камионот пристигнал на базата, леталото било префрлено во авион C-17 и се упатило кон Калифорнија.
6. MarCO
Инженерот Џоел Сеинкраус ги тестира соларните панели на едно од леталата Mars Cube One односно MarCО, наречено CubeSat или мини сателит, во лабораторија на НАСА.
7. Последни подготовки
Последните подготовки пред полетувањето се одвивале на Воздушната база Ванденберг во Централна Калифорнија.
8. Товарање
Леталото било поставено на врвот на ракетата Атлас V на 5-ти мај 2018-та година.
Продолжува на следната страница…