Планирајте ги состаноците со помош на онлајн апликации
Иако може да делува како непотребна помошта од апликација за контактирање со луѓето со кои треба да се видите заради бизнис или дружба, сепак некогаш организирањето на повеќе од тројца луѓе во одредено време, на одредено место, може да претставува значителен проблем. Еве неколку онлајн апликации, кои ќе ви ја олеснат работата при договарањето, а ќе ви скратат на телефонски разговори и долги скајп дискусии:
.
-
NeedtoMeet
NeedtoMeet е супер онлајн алатка за закажување состаноци и нивно организирање. Креирајте средба, испратете го линкот до пријателите или колегите кои треба да учествуваат, а штом тие го прецизираат времето што најмногу им одговора, вие лесно ќе можете да го лоцирате терминот кој кој ќе биде погоден за сите.
.
-
Doodle
Doodle е втората алатка на оваа листа која организирањето на состаноците го овозможува на поинтерактивен начин. Со Дудл имате можност да креирате анкети кои потоа се споделуваат со пријателите. Тие ги добиваат, гласаат за термините во кои се најслободни и со тоа работата е завршена. Постои и платена верзија од апликацијата со повеќе можности.
.
-
MeetWithAgenda
Како што самото име укажува, MeetWithAgenda,овозможува креирање на агенда за средбата за која истовремено ги каните и кандидатите за присуство. Дополнително, можете да одредите временски рамки на средбата и да го споделите ова со останатите.
.
-
Presdo
Presdo се разликува од останатите планери на состаноци поради тоа што овозможува брзо закажување средба со користење на неформален јазик. Голема предност е и што се интегрира со Google Maps и Calendar apps.
:
-
TimeToMeet
TimetoMeet им овозможува на сите да го одредат времето кога се слободни, а вградениот календар автоматски ги покажува интервалите кои се преклопуваат, со што избирањето на најсоодветниот термин за состанокот станува секунда работа.