Паметен телевизор од „Samsung“ кој ќе работи на гласовни команди

Паметен телевизор од „Samsung“ кој ќе работи на гласовни команди

Компанијата „Samsung“ на саемот „CES 2014“ кој ќе се одржува од 7 до 10 јануари 2014 година во Лас Вегас ќе го претстави својот најнов модел на паметен телевизор. Овој паметен телевизор ќе има унапредена можност за користење преку говорни команди, а екранот ќе биде сензитивен на допир.

Паметен телевизор од „Samsung“ кој ќе работи на гласовни команди

Сервисот за гласовна интеракција разбира 11 јазици, а во 2014 година ќе се прошири за уште дополнителни 12 земји.

На овој начин со гласовна команда ќе можете да го промените каналот, да сурфате на интернет, да ја проверите временската прогноза, да прочитате вести додека гледате некој канал и многу други работи. Покрај тоа екранот ќе биде сензитивен на допир, па многу лесно со неколку движења на прстите ќе можете да смените канал, да го засилите или намалите тонот, да ја проверите програмата на телевизијата, да ја подесите сликата и сите останати работи кои ги нуди паметниот телевизор.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар