Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе - Part 2

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

6. Инјекции

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

Оваа новост носи и лоши и добри вести. Во иднина повеќе нема да се користат шприцови, бидејќи нова, чудесна технологија целосно ќе ги замени. Научниците дошле до 2 опции: Млазни инјекции и капсули. Инјекциите ќе се нанесуваат преку кожата и ќе ја вбризгаат течноста со брзина побрза од таа на светлината. Капсулите ќе содржат минијатурни иглички кои ќе бидат апсорбирани од дигестивниот систем и ќе го нанесат лекот директно во крвотокот. Дали ќе биде болно? Ќе мора да пробаме за да знаеме со сигурност.

7. Услугите за достава

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

Во последниве години сме сведоци на многу експерименти со дронови, со коишто се обидувале да се достават продукти, со цел да ги заменат стандардните доставувачи на продукти до врата. Во многу земји, овој начин на достава станува сè попопуларен и можеме да претпоставиме дека наскоро летачки кутии ќе бидат нормална појава.

8. Потписи

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

Хартијата веќе поодамна има секундарна улога, а биометричните системи се повеќе и повеќе се шират. Паметните телефони и банкоматите веќе можат да ги препознаат луѓето по некои карактеристики на лицето. Исто така, потписите што ги знаеме денес сосема ќе исчезнат. Благодарение на технологијата за препознавање лица, наместо да се потпишувате на секој документ, доволно ќе биде само да погледнете кон камерата од вашиот телефон.

9. Пластични кеси

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

За разложување на пластична кеса се потребни стотици години. Поради оваа причина многу држави имаат забрането користење на пластични кеси и ги охрабруваат граѓаните да користат алтернативни начини на пакување на продуктите за пренос. На пример, можеме да ги користиме платнените торби за пакување, кои не ѝ наштетуваат на околината.

10. Компјутерско глувче

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

Технологијата која ни овозможува извршување на најразлични задачи преку синхронизација на рацете и очите, наскоро ќе биде заменета со пофутуристички и иновативни технологии. Компјутерското глувче е едно од неа. Во иднина, нема повеќе да ја гледаме малата стрелка на екранот, жиците и празните батерии.

11. Клонирање на незаменливите работници

Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

Се вели дека не постојат незаменливи луѓе, но луѓето од Швајцарската банка мислат различно, па затоа решиле да го клонираат нивниот раководен економист. Дигиталниот клон на Даниел Калт работи со помош на вештачка интелигенција и неговата цел е да им ја понуди потребната помош на водечките финансиски специјалисти и да понуди консултантски услуги на клиентите на банката.

За да креираат ваков комплексен клон, тие користеле 120 камери со висока резолуција кои го снимиле секое движење на Даниел. Откако ги собрале сите потребни информации, со помош на вештачка интелигенција го анализирале начинот на комуникација со клиентите, па наскоро „дигиталниот Даниел“ ќе започне со работа. Научниците се строго уверени дека клиентите нема да можат да направат разлика помеѓу клонот и реалната личност. Целите на овој проект се прилично амбициозни – планот е да се клонираат повеќе работници на сличен начин.

Дали вие би се согласиле да добиете свој дигитален клон?

Може да ве интересира и дека во Шведска е пуштен во употреба првиот електричен автопат што ги полни автомобилите при возење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар