Оваа мала нова алатка ви открива колку калории содржи вашата храна

Оваа мала нова алатка ви открива колку калории содржи вашата храна

Сте посакале ли некогаш да имате магично стапче и веднаш да дознаете колку калории има вашата храна? Ова е токму тоа. Станува збор за SCiO, мала нова направа којашто ја скенира вашата храна за да ги открие состојките кои ги содржи – калориите, јаглехидратите и мастите. Со нејзина помош вие можете редовно да го следите внесувањето на храната и притоа да добивате план за како да ја подобрите вашата исхрана.

Како функционира тоа поточно? Алатката SCiO користи молекуларен светлосен сензор за да го идентификува хемискиот состав на храната, а ги скенира дури и специфичните состојки, како што е на пример маслото за јадење. Што е најдоброто од сето ова? Сите овие информации ги гледате на апликацијата наречена DietSensor, којашто исто така дава совети за вашата исхрана. Оваа апликација дури добила и награда за иновација оваа година.

За сега, скенерот работи најдобро со хомогена храна, како што е лебот. Како и да е, компанијата изјавила дека повеќето луѓе ја користат оваа алатка за скенирање друг вид храна, а што повеќе податоци собира, толку поточна ќе биде.

Иако е достапна за секој кој сака да ја купи, оваа алатка претежно е наменета за луѓето со дијабетес и други проблеми со здравјето кои вклучуваат специфична диета. Всушност, идејата за изработката на ваква алатка доаѓа од една француска компанија, откако на ќерката на еден од основачите во 2014 година ѝ било дијагностициран дијабетес тип 1.

Оваа алатка се очекува да чини 249 долари и да биде пуштена во продажба првата половина од оваа година.

Би ја користеле ли и вие?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар