Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебе
Можеби еден од највозбудливите моменти од бременоста е кога за прв пат ќе го чуете срцебиењето на вашето бебе. Тоа е магично, необјасниво и… нешто што сега и самите можете да го доживеете со помош на вашиот смартфон. Бесплатно.
Bellabeat Shell е нова апликација која го следи и зачувува срцебиењето на вашето неродено бебе. Едноставно симнете ја, допрете го микрофонот на смартфонот до вашиот стомак и почнете со снимање. Откако ќе го зачувате документот на вашиот телефон, не само што можете да го преслушате, туку исто така имате можност и да го споделите со вашите пријатели и семејството. Технологијата е неверојатна, се согласувате?
Постои само една мала забелешка. Колку повеќе месеци се поминати, толку подобро таа работи, па затоа најдобро е да почекате до 7-от месец со цел да го доживеете искуството во целост. Па мајки, што мислите, би ја пробале оваа апликација која ќе биде достапна некаде околу средината на декември?