Ова се најдобрите мобилни апликации за 2015 година
Во продолжение погледнете ги петте најдобри апликации за Андроид и iOS. Поголемиот број од нив се бесплатни, а за некои сепак ќе мора да издвоите по некој долар за да ги имате.
Годината што измина донесе многу добри апликации за нашите паметни телефони. Андроид и iOS сѐ уште се најпопуларни оперативни системи, па ви ги претставуваме десетте најдобри апликации кои ја обележаа 2015 година.
НАЈДОБРИ АНДРОИД АПЛИКАЦИИ:
TouchPal Emoji Keyboard
Се работи за тастатура која ви овозможува многу брзо и лесно да пишувате повеќе од 800 емотикони. Досега оваа апликација е инсталирана повеќе од 50 милиони пати. Можете бесплатно да ја преземете тука.
Colorfy
Оваа апликација е всушност виртуелна боенка. Одберете цртеж од многуте понудени и почнете да боите, а целиот процес е навистина релаксирачки. Colorfy можете бесплатно да ја преземете тука.
Twitch
Twitch е познат сервис за стримање видео игри, кој од неодамна доби и своја апликација. Отсега е возможно да следите стримање на вашите омилени играчи и преку мобилниот телефон, а секако има уште многу интересни опции. Апликацијата може да ја преземете тука.
Dubsmash
Dubsmash беше прилично популарна апликација во изминатата 2015 година. Таа служи за креирање смешни видеа во кои корисниците одбираат омилени песни или скечеви од познати филмови и серии, а потоа прават гримаси и отвораат уста обидувајќи се да ги емитираат. Dubsmash може бесплатно да се преземе тука.
Microsoft Word
Прочуениот Word оваа година официјално излезе и за Андроид. Оваа апликација се одликува со брзо, лесно и едноставно уредување или пишување нови текстуални документи, кои потоа можат да се споделат со други уреди. Преземете го бесплатно тука.
КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА IOS СИТУАЦИЈАТА Е РАЗЛИЧНА:
Instagram стана составен дел од алатките на секој љубител на фотографијата и фотографирањето. Оваа апликација нуди мноштво филтри за уредување фотографии, кои потоа може да се споделат со повеќе од 400 милиони активни корисници на оваа социјална мрежа. Можете бесплатно да ја преземете тука.
Workflow
Првата апликација на оваа листа која не е бесплатна. Workflow чини 2,99 долари и таа овозможува вашиот ајфон или ајдеп да извршуваат одредени нешта автоматски. Така на пример возможно е вашиот телефон да повика такси пред следниот состанок внесен во вашиот календар, да испрати нова слика на Твитер и многу други работи кои можат да ви паднат на памет. Ако имате желба да потрошите неколку долари, Workflow можете да ја најдете тука.
Robinhood
Оваа апликација е наменета за брокери кои тргуваат со акции. Таа ветува дека нема да земе провизија при тргувањето со нив. Едноставна е за користење, а поради убавиот дизајн доби и награда од Apple. Преземете ја тука.
Enlight
Enlight е уште една во низата апликации за уредување фотографии, која нуди многу филтри, теми, ефекти и алатки за разубавување, но чини 3,99 долари. Апликацијата може да ја најдете тука.
Periscope
Periscope е апликација наменета за стримање видео во живо. Доволно е само да ја вклучите апликацијата и со само еден клик стримањето ќе започне автоматски, а вашите следачи на Твитер и Periscope ќе добијат известување дека сте почнале со емитувањето. Можно е да го зачувате видеото и да го гледате подоцна, додека секое видео објавено на оваа апликација се брише после 24 часа. Апликацијата може да ја најдете тука.