Ова лето ви се потребни само овие 5 апликации за вашиот смартфон
Мантра која треба да си ја повторувате во текот на летото: Помалку апликации, повеќе фотографии. Погледнете кои апликации ќе ви бидат доволни за да имате најдобро лето досега!
1. Smartyplants
Ако грижата за растенијата не е ваша јака страна, искористете ја оваа апликација. Доволно е само да го фотографирате растението и апликацијата ќе ви даде инструкции за негово одгледување. Исто така апликацијата има и потсетник за кога да го наводнувате, кога да ставате ѓубриво и слично.
Преземете ја апликацијата овде.
2. A Color Story
Летото е сезона на шарени сладоледи и живи бои. Оваа апликација за уредување фотографии има филтри кои ќе ги нагласат живите бои на вашите летни фотографии.
Преземете ја апликацијата овде.
3. Serial Box
Сигурно имате листа на книги кои планирате да ги читате на плажа, но оваа апликација ви нуди нешто подобро – аудио книги. Книгите можете да ги слушате на делови кои траат по 40 минути.
Преземете ја апликацијата овде.
4. Dark Sky
Одлична апликација која точно ги кажува временските услови. Нејзините предвидувања можат да бидат точни до минута.
Преземете ја апликацијата овде.
5. Ice Cream Please
Следниот пат кога ќе ви се пријаде сладолед, само отворете ја оваа апликација и таа ќе ви го каже најблиското место каде што можете да го купите. Доколку се наоѓате на место каде што има комбе за сладолед, апликацијата ќе ви прати нотификација кога комбето ќе биде во ваша близина.
Преземете ја апликацијата овде.
Погледнете и неколку апликации кои се неопходни за секое патување.