Очи широко отворени со новиот LG OLED 3D телевизор

Очи широко отворени со новиот LG OLED 3D телевизор

Во новиот LG OLED 3D телевизор веднаш би се вљубиле. Но, со оглед на тоа дека би чинел најмалку 10.000 долари, веројатно вашиот соживот со него, не би бил возможен во блиска иднина. Како и да е, ако гледате во него само 2 секунди, ќе ви стане јасно зошто има третман на скапоценост, а не на 55-инчен телевизор. Боите се исклучително живи, црната е зифт црна, има молскавично брзо време на реакција и неверојатна острина на движењата.Очи широко отворени со новиот LG OLED 3D телевизор телевизорОчи широко отворени со новиот LG OLED 3D телевизорОвој телевизор е првиот 3Д телевизиски сет кој го доловува потенцијалот за гледање 3Д во домашни услови. Неговиот екран не прикажува заматена 3Д слика како останатите плазма и ЛЕД 3Д телевизиски дисплеи, кои ги видовме изминатава година, што е бонус на неговата извонредна светлина со која се карактеризира. Очи широко отворени со новиот LG OLED 3D телевизор3Д видео содржините имаат живост и длабочина колку што е тоа воопшто возможно, со остар квалитет на сликата и мазни движења, без затреперувачки ефект, каков што може да се види и кај најновите 3Д телевизори. Едноставно кажано, ова е најдобриот 3Д телевизор досега, а беше претставен на големото изложбено шоу за технологија CES 2012 во текот на првиот месец од годинава.Очи широко отворени со новиот LG OLED 3D телевизорДруга предност која ја има LG OLED 3D пред останатите телевизори од неговиот ранг е дека троши многу помалку енергија во споредба со други LCD и плазма телевизори. Сите нови телевизори во линијата „Cinema screen“ на LG имаат дебелина на рамката од 1 милиметар, што практично значи дека при гледање видео буквално не ги забележувате границите на сликата, па дејството на екранот скоро целосно се претопува во просторот.Очи широко отворени со новиот LG OLED 3D телевизорПокрај овој телевизор, кој веројатно ќе биде предизвик и за длабоките џебови, останатите телевизори од истата линија исто така имаат некои добри својства. Освен скоро невидливата рамка, тие се и паметни телевизори кои се базираат на софтверска платформа, онаа на LG, NetCast, или пак на Google TV OS. Покрај тоа, тие вклучуваат опции за користење широк спектар на апликации, 3Д видео стриминг, можност за пребарување и веб прелистувач кој подржува Flash и HTML 5.

Некои телевизори во линијата Smart TV имаат dual core процесори кои имаат опција за препознавање на глас, поточно опција за конверзија на глас во текст и можност за задавање говорни команди. И, конечно, за безжично управување со телевизорот, во комплет со уредот добивате далечински управувач кој е како Wii контролер, што значи дека работи со насочување кон одреден дел од екранот и кликање на соодветната опција на него.Очи широко отворени со новиот LG OLED 3D телевизорКарактеристичниот дизајн „Cinema screen“ го поседуваат 3Д телевизорите од средната и високата класа на овој производител. 55-инчниот 3Д телевизор кој ќе се продава по цена од 5 бројки изразена во долари, ќе се појави на пазарот во втората половина од годината.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

http://www.cesweb.org/


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар