Новиот фотоапарат од Лајка – V-Lux 30
Лајка е еден од најпрестижните брендови меѓу љубителите на фотографирањето, а нивниот нов компактен дигитален фотоапарат, моделот V-Lux 30, сигурно ќе привлече и нови фанови. Овој модел се карактеризира со 14.1 мегапикселен сензор, 16x оптички зум, 3-инчен дисплеј, можност за снимање видео во HD и GPS кој овозможува географско означување на фотографиите.Во споредба со другите фотоапарати од неговата класа, овој е доста попристапен и чини 749 долари. Најголема вредност во цената има препознатливото црвено лого, додека според својствата, V-Lux 30 одговара на апаратите од средната класа на Панасоник.Сепак, за љубителите на фотографирањето кои имаат стил, логото и кожната футрола ќе значат многу.Инаку, Лајка набрзо ќе ја означат 100-годишнината од своето постоење во бизнисот со компактни фотоапарати, па во блиска иднина може да очекуваме и нови модели кои секој фотограф би посакал да ги има.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.