NoteSlate – е-табла за секој ден

NoteSlate – е-табла за секој ден

Порано животот беше поедноставен. Имавме тетратки во кои ги пишувавме лекциите што ги предаваа професорите на училиште, цртавме на големи хамери со молив и правевме шопинг-листи на ливчиња од тефтер. Пресретнувајќи ги сите технолошки иновации, дозволивме овие да станат дел од нашето секојдневие; на работната маса веќе одамна нема расфрлани тетратки и ливчиња, туку лаптопи, мобилни телефони, електронски табли, музички плеери, кабли, батерии…NoteSlate – е-табла за секој денКреаторите на NoteSlate веруваат дека го имаат производот кој ќе ја врати практичноста и едноставноста од неодамнешните времиња, додека истовремено ќе го држи чекорот со модерното и технолошкото. Тие создадоа 13 инчна табла на која може да се пишува, црта и чкртка, исто како со молив на хартија.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денNoteslate се базира на е-мастило кое го овозможува примањето на информациите кои ги внесува корисникот со втиснување на специјалното пенкало кое доаѓа со него. Тие на таблата можат да прават буквално сè, а сработената задача, цртеж или есеј ќе се зачуваат на мемориската картичка за да може таблата да се користи одново и одново.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денКреираните фајлови може подоцна да се прегледуваат директно на самиот уред, но постои и опција за нивно префрлање на компјутер поврзувјќи го преку мини-USB порта. Батеријата ќе издржи користење на уредот до дури 180 часа (3 недели секојдневна работа), пред да се појави потреба повторно да се наполни.NoteSlate – е-табла за секој денОсновните верзии од уредот се монохроматски, но се достапни во неколку различни бои, додека пак, мулти-колор варијантата овозможува користење на бела, зелена, сина и црвена боја како мастило на црната мат површина.NoteSlate – е-табла за секој денОвој интересен гаџет кој се очекува да биде наследник на незаменливата комбинација „тетратка и молив“, треба да се пушти во продажба во јуни оваа година.NoteSlate – е-табла за секој ден


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар