Неверојатни историски изуми што се изгубиле низ времето
Постојат безброј изуми кои навистина го промениле нашиот живот. Можете ли да си замислите живот без смартфони и Интернет? Како би изгледал светот ако никогаш не биле измислени? Што ако некој ги уништил овие корисни изуми? Вистината е дека оваа судбина ги снашла многу неверојатни изуми и тие никогаш не ѝ станале достапни на јавноста.
1. Музичките инструменти на Страдивариус
Денес музичките инструменти направени од Антонио Страдивариус вредат цело богатство. Неговите виоли, виолини и гитари можат да бидат заменети за куќи, автомобили и скапоцени камења. Цената на секоја виолина може да достигне илјадници евра. Причината е уникатниот квалитет на инструментите и звукот кој не наликува на никој друг. Покрај тоа, денес овие инструменти се неверојатно ретки. Причината за оваа реткост е што технологијата за правењето на виолините е тајна на семејството Страдивариус. Кога умрел Антонио, со него се изгубила и тајната. Денес постојат само 600 од неговите инструменти.
2. Смртоносен зрак
Во 1930-та, Никола Тесла го создал смртоносниот зрак кој го нарекол Теле-сила. Според научниците оваа направа генерирала енергија којашто можела да уништи авиони, машини, па дури и цела воена единица во радиус од 320 километри. Но, откако Тесла ја презентирал неговата направа, луѓето се обиделе да ја украдат. Поради ова научникот ја уништил направата и сите планови за нејзина изградба. Многумина тврдат дека се одлучил да се ослободи од изумот бидејќи никој не би требало да поседува толку моќно оружје. Можеби неговата одлука била најдобра.
3. Ладна нуклеарна фузија
Дали се сеќавате на реакторот на оделото на Ајронмен? Оваа направа работи според принципот на ладна нуклеарна фузија. Со други зборови, произведува енергија колку цела нуклеарна електрана, но не се загрева и можете да ја ставите во вашиот џеб. Во 1989-та година, професорот и новинар Јуџин Малов тврдел дека ја набљудувал работата на ваква направа. Во една од неговите книги тој детално го опишал успешниот експеримент со ладна нуклеарна фузија. Во 2004-та година, Јуџин умрел. Многу научници и други скептици сметаат дека неговата книга била измама и дека воопшто не постоел таков експеримент. За жал, изгледа дека никогаш нема да ја дознаеме вистината.
4. Старлит
Старлитот е необичен вид пластика измислен во 1983-та година од страна на фризерот Морис Вард. На површината на секој предмет може да се нанесе слој од овој материјал и предметот би можел да издржи температура до 10.000 степени Целзиусови. Во 1993-та година на телевизија биле прикажани својствата на старлитот. Материјалот бил нанесен на јајце, а јајцето било загревано. Кога го скршиле, јајцето било живо. Во 2011-та година Морис умрел и не оставил никакви информации за состојките на материјалот. Научниците долго експериментирале со разни материјали обидувајќи се да ги имитираат својствата на старлитот, но сè уште немаат откриено од што бил направен.
Продолжува на следната страница…