Нетбук на соларна енергија
Претставништвото на Самсунг во Русија го најави новиот модел на нетбук кој ќе може да се полни додека е изложен на сонце. Капакот, е прекриен со соларен панел од надворешната страна, кој му овозможува еден час работа на уредот за секои два часа изложеност на енергија од сонцето. Моделот Samsung nc215s ќе се продава летово во Русија и во Сад.Се работи за 10,1-инчен модел чиј екран, кој поддржува резолуција од 1024×600 пиксели, е прекриен со антирефлексивен слој и е специјално дизајниран за директна изложеност на сонце.Samsung nc215s доаѓа со dual core процесор n570 или со single-core n455 Intel atom процесор, а го има во варијанта со хард диск со капацитет од 250GB и од 320GB.Модот наречен „брзо подигање“ (samsung fast start) ги комбинира непроменливоста на работната состојба која ја овозможува хибернацијата и брзината на подигање кога уредите се во sleep-мод. Многу практична е и функцијата „спиј и полни“ (sleep-and-charge) кој овозможува полнење на други екстерни уреди преку УСБ дури и кога компјутерот не работи.Нетбукот доаѓа со шест-ќелијна батерија која, кога е максимално наполнета, може да издржи до 14,5 часа непрекината работа.
Samsung nc215s ќе се појави на американскиот пазар на 3 јули и ќе чини 400 долари, додека во Русија ќе излезе во август и ќе се продава по цена од 14.000 рубљи или 500 американски долари.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук