Необичен часовник кој го „гравира“ времето

Необичен часовник кој го „гравира“ времето

Постојат многу начини за да покажете колку точно е часот, а дизајнерите од швајцарската компанија „42foundry“ создале еден необичен и креативен часовник, наречен „ETCH“.

Необичен часовник кој го „гравира“ времето

На мазна површина како камен, врамен во алуминиумска рамка, овој часовник на прв поглед не изгледа ништо поразлично од другите декоративни елементи во ентериерот. Но, она што изгледа како неподвижна површина, повремено формира дигитални знаци кои го покажуваат точното време.

Необичен часовник кој го „гравира“ времето

Тајната е во еластичната мембрана која ја сочинува површината на часовникот и овозможува да се создаде елегантен 3Д ефект. Откако ќе го прикаже времето, мембраната полека се враќа во првобитната состојба.

Необичен часовник кој го „гравира“ времето

Димензиите на часовникот се 40 x 40 сантиметри, тежок е околу 6 килограми, а може да се чува на маса или пак да биде закачен на ѕид.

Необичен часовник кој го „гравира“ времето

Со помош на соодветна апликација од мобилниот телефон, можно е да го усогласите времето кое се прикажува на часовникот со моменталното. Апликацијата овозможува и избирање помеѓу два начина за прикажување на времето.

Необичен часовник кој го „гравира“ времето

Режимот „Syng & Go“ го покажува времето на секои 30 секунди, а „Sync & Sensor“ го активира прикажувањето на времето на секоја половина минута само доколку регистрира звук во просторијата. Часовникот „ETCH“ е добар и ефикасен детаљ во ентериерот, но неговата цена е 1.450 долари.

Необичен часовник кој го „гравира“ времето


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар