Направете го ова лето незаборавно! 14 креативни идеи за супер летни фотографии
Летото е најубаво време за фотографирање. Сино небо, жешко сонце, ладна вода… Сето ова ја трансформира обичната фотографија во супер летна уметност. Ова лето, заборавете го традиционалното сликање на плажа, туку бидете креативни и направете ги овие интересни фотографии.
1. Сликајте одозгора. Фотографијата има потполно нов изглед ако сликате од голема височина (или пак имате објектив со доволно широки агли) за сето она што го има на сликата да биде опкружено со вода.
2. Гледајте во вода. Фотографирајте го тој „пола во вода, пола надвор“ момент на истражување (нуркање) и обидете се да го изедначите нивото со водата колку што можете.
3. Гледајте од водата. Не мора да имате водоотпорен апарат за да имате подводни фотографии. Во мирна, бистра вода може да го фотографирате субјектот што се наоѓа непосредно над површината.
4. Од месото каде што лежите… во вода. Што сè гледате кога лежите во плитката вода?
5. Фаќање воздух. Излегувањето од под вода исто така ќе ги направи вашите фотографии многу интересни.
6. Скокање. Најмоќната летна слика. Скокнете од карпа (скокалница) во морето (базенот). Ништо не го опишува летото поубаво од рацете во воздух и облаците на небото.
7. Колку ниско може да се спуштите? Клекнете, седнете, легнете… Едноставно, спуштете се најниско што можете и фотографирајте ја плажата на многу поразличен начин.
8. Одраз. Фотографирајте го базенот, езерото, морето во спротивен правец, односно одразот од нив во прозор, огледало или пак на очила за сонце.
9. Длабочина. Овој пат фокусирајте на нешто друго. Наместо тоа да биде нечиј лик, нека биде некој предмет, на пример лопатка или пак морска ѕвезда, но да биде со (замаглени) луѓе во позадина. Ќе испадне потполно друга приказна.
10. Цела сцена. Назад, назад, назад… Оддалечете се што е можно повеќе, користете широк агол на објективот или камерата од телефонот, за да имате поглед на целата сцена.
11. Стапала. Фотографирајте ги вашите стапала во песокот или водата.
12. Големо прскање. Скок во вода кој ќе предизвика распрскување на водата на сите страни.
13. Сликајте одоздола. Под штицата за сурфање, под чамецот или пристаништето. Фотографија од водата за нов поглед на летото.
14. Зајдисонце. Фотографија од силуетата на брегот од морето додека е зајдисонце.