Најмалиот фотоапарат во светот голем колку џамлија
Овој фотоапарат е толку мал, што ќе помислите дека не може да го фати во кадар ни врвот од вашиот прст и е дефинитивно многу лесен за губење. Но, пред да го измислат овој микроскопски уред кој е достапен во продажба, креаторите очигледно верувале дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања.Минијатурната камера со површина од 2,54 см², може да направи фотографии од 2 мегапиксели и може дури и да снима видео. Неговите креатори од Њујорк, убедуваат дека уредот од 28 грама работи совршено добро, без разлика што е голем колку врвот од прстот.Мини-камерата е произведена од американската фирма „Hammacher Schlememr“, која на полиците го продава за 99,95 долари.
Генералниот директор на „Hammacher Schlememr“, Фред Бернс вели
.
„И покрај тоа што најмалиот фотоапарат во светот е малку поголем од џамлија, сепак прави фотографии и снима видеа исто како повеќето фотоапарати со нормална големина. Тоа е извонредно парченце уред, кое очекуваме да стане многу популарно во јавноста.“
.
„Фотоапаратот има ремче за да го носите околу рачниот зглоб, при што се олеснува неговата преносливост.“ – додава тој
Најмалиот фотоапарат во светот може да прави фотографии во JPEG формат со резолуција од 1600 x 1200 мегапиксели, има автоматски фокус и може да снима видеа со 30 фрејма во секунда во AVI формат, со резолуција од 640 x 480 мегапиксели. Сето тоа се складира на мемориска картичка microSD од 2GB, но прифаќа и мемориски картички со големина до 32GB. Исто така, тој може да се поврзе со компјутер преку УСБ кабел, исто како секој друг фотоапарат.Мини-апаратчето е одлично за шпионирање и „ловење“ интересни „фотки“ додека никој не ве гледа. 🙂 Но, ако веќе планирате шпионски да фотографирате, подобро побрзајте, зашто батеријата на апаратот трае 30 минути, после едночасовно полнење.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.