Најголемите заблуди во врска со полнењето на батеријата на вашиот смартфон
Кога станува збор за траењето на вашата батерија, постојат многу правила кои одредуваат што можете, а што не треба да правите со вашиот смартфон. Некои од нив имаат врска со реалноста, но некои се само митови. Еве 5 правила кои можете слободно да ги прекршите и едно до кое треба да се придржувате.
1. Полначите од помалку познати производители ја уништуваат батеријата
Иако не се оптимизирани за паметните телефони од познатите производители, тие нема да им наштетат. Сепак, треба да купувате полначи од легитимни производители, а не лажни копии на познатите брендови.
2. Не е добро да го користите мобилниот додека се полни
Уште еден мит. Можете да го користите колку сакате сѐ додека не користите сомнителен полнач. Сѐ додека си ја користите оригиналната батерија и полнач кој е одобрен од производителот, единствена последица од користењето на мобилниот додека се полни е тоа што полнењето ќе оди малку побавно.
3. Полнењето во текот на ноќта ја „убива“ батеријата
Па не баш. Повеќето паметни телефони препознаваат кога е полна батеријата и во тој момент прекинуваат со полнење. Всушност, тогаш тие не ја ни користат батеријата. Сепак, не мора да го полните мобилниот преку ноќ секоја ноќ. Батеријата ќе потрае подолго ако мобилниот го одржувате со капацитет на батеријата помеѓу 40 и 80%.
4. Никогаш не треба да го исклучувате смартфонот
Понекогаш и него им е потребна пауза. Ако не морате баш секогаш да бидете достапни, во ред е повремено да го исклучувате телефонот, на пример пред да си легнете. Се препорачува да го правите ова еднаш неделно. Ако не можете да го исклучите, барем ресетирајте го.
5. Не го полнете телефонот сѐ додека батеријата комплетно не ви се испразни
Погрешно! Многу подобро е ако го дополнувате секој ден, отколку да го трошите до нула и потоа да го полните докрај. Литиум-јонските батерии какви што користат Епл и Самсунг подобро се одржуваат кога се наполнети. Ако постојано ги цедите до максимум, можат да постанат нестабилни. Секоја батерија може да издржи одреден број полнења пред да треба да се замени со нова. Секој пат кога ја празните докрај, многу поблиску сте до замената.
Факт: Топлината ја уништува батеријата
Точно! Технологијата и високите температури обично не одат заедно. Батериите не се исклучок од ова. Литиум-јонските батерии се загреваат при работа, повеќе во текот на полнењето. И ладното време може да има негативен ефект врз траењето на батеријата – ладната батерија побрзо ќе се испразни при ниски температури.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.