Најдобрите бесплатни извори за учење странски јазици - Part 2

Најдобрите бесплатни извори за учење странски јазици

5. Memrise

(4) najdobrite-besplatni-izvori-za-uchenje-stranski-jazici-kafepauza.mk

Предности:
  • Користење на методот со картички за учење на нови зборови.
  • Логирање преку Facebook.
  • Одлично за оние со визуелна меморија.
  • Материјалите за учење ги прават самите корисници.
Недостатоци:
  • Не е премногу детално за понапредните слушатели.
  • Квалитетот на картичките варира бидејќи се направени од различни корисници.
Посебни карактеристики:
  • Постојано се учат нови работи бидејќи постојано се вклучуваат нови корисници, кои придонесуваат за развојот на сајтот.
  • Одличен сајт за оние со визуелна меморија.

6. Internet Polyglot

(5) najdobrite-besplatni-izvori-za-uchenje-stranski-jazici-kafepauza.mk

Предности:
  • Одличен за оние со визуелно памтење.
  • Мобилна апликација.
  • Платформа за многу јазици.
Недостатоци:
  • Не е многу опсежно, па за сериозните слушатели ќе бидат потребни повеќе материјали.
  • Мобилните апликации не се апдејтирани повеќе од една година.
  • Сајтот не е толку добар како претходните.
Посебни карактеристики:
  • Игрите се одлични и едноставни и соодветни за учење доколку имате малку време.
  • Доколку имате среќа да ја вклучите мобилната апликација, нема да се разочарате.

7. Lang-8

(6) najdobrite-besplatni-izvori-za-uchenje-stranski-jazici-kafepauza.mk

Предности:
  • И овде е потребно да им помагате на другите и да ја оценувате нивната работа, доколку сакате да напредувате.
  • Водите дневник за вашиот процес на учење на јазикот.
  • Поголем фокус е ставен на пишувањето. Сите ваши задачи се прегледани од други луѓе, на кои конкретниот јазик им е мајчин и можат лесно да ви помогнат.
Недостатоци:
  • Оваа страна е соодветна за оние кои веќе добро го владеат јазикот. Овде нема класични лекции и строг план за учење.
  • Најавувањето на страната трае долго.
  • Нема часови за зборување.
Посебни карактеристики:
  • Социјалниот аспект: поставувате нешта на својот јазик и други корисници го пишуваат истото на друг јазик.
  • Одлично место за учење на реченичната структура на еден јазик и вештините на пишување.

8. Anki

(7) najdobrite-besplatni-izvori-za-uchenje-stranski-jazici-kafepauza.mk

Предности:
  • Треба да го симнете и да го инсталирате на компјутер наместо да го користите од веб – работи офлајн.
  • Се работи за вкрстена платформа, каде можете да ги синхронизирате вашите картички меѓу повеќе уреди, што е убаво.
  • Не е само за јазици. Можете да креирате сопствени картички, поставени за другите да научат нешто повеќе од математика или другите науки.
  • Може да направите база со над 100.000 картички.
  • Поддржува визуелни, аудио и видео картички.
Недостатоци:
  • Картичките се за оние со добра меморија. Ако не сте добри со тој вид учење, тогаш веројатно не ќе наидете на голема помош.
  • Ако јазикот што сакате да го научите не е поддржан, ќе треба да креирате сопствен сет од картички, што може да биде напорно, но ќе ви помогне подобро да го научите посакуваниот јазик.
Посебни карактеристики:
  • Високо оптимизиран систем на учење со картички.
  • Крос-платформа, што може да се користи не само за учење јазици.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Lela Reply

    Dali znaete online izvor za ucenje na makedonski?

  2. Eduardo Reply

    Јас препорачувам https://www.penpaland.com размена јазик базирани веб-сајт
    Android:http://app.appsgeyser.com/Penpaland

Остави коментар