Најдобрите 5 начини да привлечете внимание со вашиот имејл

Најдобрите 5 начини да привлечете внимание со вашиот имејл

Без разлика дали сакате да замолите за услуга, да поставите прашање или да продадете производ, доколку сакате да го издвоите вашиот имејл од останатите треба да најдете начин како да направите тој да не остане непрочитан. Веб-сајтот Inc.com објаснува како еден од нивните вработени секојдневно прегледувал илјадници мејлови. Додека тој ги означувал оние пораки кои се важни и ги архивирал останатите, неговиот критериум биле темите, односно субјектите на имејловите. Со оглед на тоа што сме затрупани во информации, голема уметност е да се истакнете и привлечете внимание. Па, доколку сакате да го направите тоа, погледнете ги следниве 5 начини како да напишете наслов на имејл кои без сомнение ќе биде забележан.

Најдобрите 5 начини да привлечете внимание со вашиот имејл

1. Кратко прашање

Овој совет скоро секогаш успева. Во очите на оној кој чита вие веќе сте објасниле дека ќе бидете брзи и кратки. На овој начин ја охрабрувате личноста да ја отвори и прочита вашата порака, најмногу поради љубопитност. Но, погрижете се пораката навистина да биде во форма на кратко прашање, бидејќи во спротивно таа ќе биде отфрлена.

2. Дали може да договориме состанок?

Имејл со ваков наслов одма дава до знаење која е неговата цел, па затоа и веднаш преминува на главното. Во пораката важно е да објасните зошто сакате да разговарате со оваа личност, без разлика дали е телефонски или во живот. Експертите велат дека луѓето најчесто обожаваат вакви имејлови бидејќи им укажуваат дека постои личност која сака да се состане и разговара со нив.

3. Ова го привлече вниманието на 30 милиони корисници

Можеби нема од збор до збор да ја искористите оваа реченица, но таа без сомнение е моќен совет кој може да ви помогне брзо да привлечете нечие внимание. Овој имејл во очите на оној кој чита делува вреден бидејќи веќе го привлекол вниманието на голем број луѓе. Имајте го на ум овој наслов кога вашата цел е да преставите или продадете производ или услуга.

4. Брзо претставување на идеја + Ќе се видиме?

Овој наслов понудува идеја која е во врска со конференција или настан на кој поканувате некого. Помеѓу двете теми на имејлот стои знакот + кој е важен, бидејќи покажува две различни нешта од кои се состои оваа порака, како и дека и двете ќе бидат брзи и „безболни“.

5. Алтернатива на вашата идеја (вашата работа)

Можеби овој наслов ќе ви делува малку чудно, но еве како функционира. На пример, некој автор преку статија ја критикувал работата на одреден сервис, па доколку вие сметате дека можете да му помогнете на овој сервис да се подобри, можете да испратите предлог во имејл со овој наслов. Тој или таа без размислување ќе го отвори тој имејл за да го прочита вашето мислење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар