Моќна ламба во форма на книга
Лумио (Lumio) е мултифункционална ламба со одличен дизајн и моќна технологија. Составена е од ЛЕД светилки, кои функционираат кога ќе се отвори книгата, додека „корицата“ е изработена од трислојно дрво во кое се вградени магнети.
Тие пак овозможуваат ламбата да се прикачува за разни елементи во домот или надвор од него. Практична е за во читална, како дополнително осветлување во кујната, за правење романтична атмосфера или за осветлување во услови на потполн мрак.
Работи на литиум-јонска батерија која овозможува 8 часа непрекината работа, а потоа се полни и може повторно да се користи.
Покрај како подвижен технолошки аксесоар во вашата чанта, ламбата Лумио можете да ја користите и постојано приклучена во домот, како замена за лустер. Можете да ја прилагодувате формата според потребите, како и да комбинирате повеќе ламби за да постигнете креативност, естетика и ниво на осветлување кое е потребно за вашиот простор.
Во јули, 2013 ќе почне испораката на првата серија Лумио ламби, а ако нарачате сега, една ќе ве чини 85 долари.
Погледнете како работи ламбата Лумио:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.