Мобилни апликации со кои ќе се чувствувате попаметно
На Интернет најчесто комуницираме и добиваме информации, а сѐ почесто, го користиме и за учење. Сепак, секогаш постои некоја корисна апликација за која што не сме слушнале, а би ни користела во секојдневието. Еве десет такви кои ќе направат да се чувствувате попаметно.
1. Today in history
Оваа бесплатна апликација може да биде вашиот нов сојузник кога станува збор за познавањето историски факти. Овде може да пребарувате низ настани во историјата кои се случиле на истиот ден.
Преземете ја апликацијата: iOS
2. Ted
Говорите „Тед“ го освоија светот како алатка за учење теми за кои не сме размислувале претходно. Мобилната апликација овозможува полесно следење на најновите и најпопуларните видеа, но и нивно преземање и зачувување.
Преземете ја апликацијата: iOS, Android
3. Dailyart
Апликацијата е наменета за оние кои имаат знаење од областа на уметноста, но и за оние кои немаат никакво предзнаење, но сакаат да го променат тоа. Алатката секој ден покажува различно уметничко дело заедно со информациите поврзани за него.
Преземете ја апликацијата: iOS, Android
4. Lumosity
Оваа апликација нуди тестови кои ја вежбаат вашата когнитивна активност. Таа, исто така, ги користи резултатите од вашите тестови за да ви понуди уникатна програма за вежбање на мозокот преку игри.
Преземете ја апликацијата: iOS, Android
5. Vocabulary.com
Оваа заразна апликација има дефиниции и факти поврзани со зборовите во англискиот јазик. Тука ќе пронајдете и игри со зборови.
Преземете ја апликацијата: iOS
6. NASA
Апликацијата на американската вселенска агенција НАСА нуди над 17.000 фотографии, но и видеа и новости поврзани со нејзините мисии во вселената и на Земјата. Со неа можете и да го следите движењето на Меѓународната вселенска станица, како и да добивате известувања кога станицата се наоѓа над вас.
Преземете ја апликацијата: iOS, Android
7. Geobee challenge
Оваа апликација на „Нешнал Џиографик“ нуди географски игри за ученици. Дали мислите дека ја познавате географијата подобро од еден ученик? Проверете.
Преземете ја апликацијата: iOS, Android
8. Daily random facts
Со оваа апликација секојдневно ќе добивате интересни факти од различни теми, меѓу кои и историјата, науката, спортот, животните и друго.
Преземете ја апликацијата: iOS, Android
9. Theskimm
Доколку сакате да сте во тек со новостите, но немате време да ги читате сите вести, оваа апликација ќе ви помогне во тоа. Алатката објавува вести кои се читаат за само пет минути, а можете и да слушате аудио епизоди за најважните вести во текот на денот.
Преземете ја апликацијата: iOS, Android
10. Inaturalist
Направете фотографија од кое било растение или животно и оваа апликација ќе ви го каже видот. Апликацијата има и други алатки со кои може да ги истражувате живите видови околу вас.
Преземете ја апликацијата: iOS, Android
Доколку барате уште нови начини кои ќе ви помогнат да го зголемите своето знаење, погледнете ги и овие интересни апликации за љубителите на уметноста.