Мобилна апликација која го мери количеството кафе кое го пиете
Сметањето колку кафе ви е потребно во текот на денот може да биде тешко. Сите ние пиеме кафе од различни причини, но воглавно го користиме како извор на енергија и средство за стимулација на работата на мозокот. Но, една од негативните страни на консумирањето кафе е нередовниот сон и проблемите со несоница поради што може да го дочекате наредниот ден уморни и поспани.
Апликацијата Up Coffee го мери количеството кафе кое го консумирате, вклучувајќи и други извори на енергија како енергетските пијалаци и чоколадата. Со редовното користење на оваа апликација ќе знаете колку време по пиењето кафе вашиот мозок може да му се предаде на сонот. Апликацијата ви овозможува да користите експерименти кои ќе откријат како вашето тело реагира на внесениот кофеин и каков вид кафе-консумент сте. Исто така, апликацијата ја мери поврзаноста помеѓу времето кога го пиете кафето и внесеното количество, со времето кога легнувате, колку часа спиете и колку пати се будите во текот на ноќта. Up Coffee ја регистрира вашата реакција на кофеинот и со текот на користење ќе развиете шема на пиење кафе која е најпогодна за вас со цел попродуктивен ден и подобар сон.
Колку повеќе се користи оваа апликација толку поточна станува, бидејќи со собирањето податоци корисниците можат да опсервираат како точно кафето влијае на нивниот сон како и на нивното здравје.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.