Microsoft, заборави го Windows и одбранбената бизнис стратегија
Во последно време, на големо се зборува дека Microsoft наскоро ќе претстават сет-топ кутивче како директна конкуренција на Apple TV, Google TV и другите слични кутивчиња. Но, наместо тоа да го направат на најбезболниот и најочигледниот начин, да го додадат на Xbox, тие планираат да направат посебна кутија која ќе работи на Windows 7 и Windows Media Center.
Оф леле!
Па добро бе (@Microsoft), ја имате најголемата, најфантастичната и најбрилијантната можност, и таа цело време ви е пред носот. Се вика Xbox. Тоа е неверојатна машина, а сега во комбинација со Xbox Kinect, претставува имплементација на Minority Report во живо.
Ја искреиравте иднината!Сè што треба да направите е да престанете да ги форсирате сите да го користат Windows. Толку е лош што треба да го додавате зборот Windows пред секој продукт, како на пример Windows Phone 7. Ниту Apple го викаат iPhone – „Mac OS X iPhone“, ниту Google го викаат Nexus S – „Google Android Nexus S”.
Знаеме дека Windows е продуктот што ви прави најмногу пари, ама знаеме и дека во последно време перформансите му се далеку од тоа што беа. Ама, одговорот секако не е по секоја цена да се брани десктоп-платформата. Тоа е исто како на пример весниците да го бранат „принтот“, иако скоро сите креираат или се во план да извадат дигитални апликации.
Наместо тоа, направете го Xbox–от навистина извонреден!
Еве еден пример што би можеле да направите…
Чекор 1: Направете го Xbox-от платформа со поддршка за лесно додавање, преуредување и организирање по желба на секаков вид дигитални информации, апликации, медија и останато (секако, со 100% поддршка за Kinect).
Чекор 2: Отворете Xbox маркет за апликации.
Чекор 3: Потргнете се настрана и оставете да се случи магија!
До толку е едноставно.
Е тогаш една ваша софтверска дивизија (оддел) ќе може да почне да работи на креирање неверојатни апликации за телевизија, па зошто да не и филмови. Нешто слично како Netflix, Hulu, Roku, Boxee итн.
Дури некои телевизиски канали ќе можат да си креираат и свои апликации како на пример Discovery Channel Xbox App.
Развивачите на софтвер ќе може да креираат апликации во вид на агрегатори за забава и мултимедија и со тоа уште повеќе да го подобрат корисничкото искуство на Xbox. Замислете си Flipboard за телевизија и филмови.
„Гејминг-светот“ едноставно ќе експлодира, затоа што ќе биде многу лесно да се стави гејминг-содржина на Xbox–от (не како денешниве Xbox аркадни игри). А со оглед на тоа дека секоја игра ќе биде апликација, Games on Demand ќе биде полн погодок.
Поткаст-мрежите лесно ќе може да си креираат свои апликации и ултра лесно и брзо интернет телевизијата да ја претворат во примарна.
Apple го освоија пазарот на паметните телефони, затоа што искреираа платформа со која што им дозволија на луѓето својата имагинација, многу лесно да ја претворат во реална апликација. Google го прават истото со Android (и делумно со Google TV, иако е лошо имплементирано).
Windows сет-топ кутивчето е уште еден затворен уред којшто има on/off. Не го сакаме тоа. Microsoft, веќе го направивте вистинскиот производ – Xbox.
Можете да доминирате во светот на телевизијата. Apple и Google, немаат шанси, никакви, затоа што го немаат Xbox. Вие го имате!
Искористете го.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
– Толку е лош што треба да го додавате зборот Windows пред секој продукт, како на пример Windows Phone 7. Ниту Apple го викаат iPhone – „Mac OS X iPhone“, ниту Google го викаат Nexus S – „Google Android Nexus S”.
Abre ajde? R U Serious ?
– Windows Phone 7 e operativen sistem i nemozi da se sporedi so iPhone (vasheto Mac OS X iPhone)… tuku so iOS.
– Nitu pak so Google Android Nexus S, t.e. so Nexus S bidejki isto kako prethodno e SMARTPHONE, a WP7 e OPERATIVEN sistem. Uredite kako Nexus S, e ovde ima HTC Radar, HTC Titan, Nokia Lumia nikade nema “windows” pred IMETO NA SMARTPHONE-ot…… Razmislete pred da napisite.
PS: (Apple)’i’ == (Microsoft)’windows’