Марк Закерберг откри како изгледа неговиот дом и како функционира системот Џарвис
Марк Закерберг, програмер и основач на Фејсбук, е еден од најбогатите луѓе во светот. Сигурно си мислите дека неговиот дом изгледа луксузно и скапо, но тој е неверојатен поради сосема други причини.
Имено, Закерберг неодамна објави видео во кое ја претстави неговата последна иновација: Систем со вештачка интелигенција (AI) по име Џарвис, со чија помош ги контролира електричните уреди во домот и кој му помага во секојдневната работа. Инаку, Џарвис е името и на вештачката интелигенција што го користи Тони Старк, односно Ајрон Мен.
Системот му помага нему и на сопругата со тоа што ги вклучува и исклучува светлата и електричните апарати, покажува каде се наоѓа моментално нивното куче и ги известува доколку ќерка им плаче. Закерберг комуницира со системот преку пораки, а не преку говор, бидејќи гласот одзема внимание, а пораките даваат многу повеќе контрола во однос на тоа кога може да се прочитаат.
Ништо не е претерано во домот на Закерберг. Сите соби се скромно и минималистички уредени.
Покрај тоа што Закерберг и жена му живеат скромно, тие се познати и по нивната хуманост. Не трошат пари на златни тоалетни шолји, туку ги донираат во добротворни цели. Марк планира да донира 99% од неговите акции кои вредат околу 45 билиони долари. Мора да признаеме дека ова е навистина дарежливо!
Закерберг навистина треба да им послужи како пример на сите богати луѓе во светот. И покрај тоа што е најмладиот милијардер во светот, Марк успеал да остане добродушен, праведен и хуман човек, кој не им дозволил на парите да завладеат со него.
Погледнете го и видеото во кое Марк Закерберг открива како изгледа неговиот дом и како функционира системот Џарвис.
А ова е и мислењето на неговата сопруга Присила за системот Џарвис…