Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијата

Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијата

Лајтро е првиот кориснички фотоапарат со светлосно поле, кој ја фаќа целата достапна светлина, наместо само еден сноп. Тоа овозможува одредување на фокусот во фотографиите, откако ќе бидат сликани, па дури и повеќекратно рефокусирање.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаФаќајќи ја сцената, корисникот не е ограничен на моменталниот резултат кој го добил притоа. Напротив, за првпат досега, заедно со иницијалната фотографија се запишува уште цел сет со дополнителни податоци. Овие фотоапарати се карактеризираат со сензор за светлосно поле кој собира информации за боите, интензитетот, па дури и за правецот на секој зрак светлина кој доаѓа кон него, на тој начин фаќајќи ја сцената во 4 димензии. За да се процесираат овие дополнителни информации, апаратите Лајтро содржат енџин за светлосно поле кој оди заедно со секоја слика, така што подоцна секој може да манипулира со нив, и тоа на скоро секој уред, вклучително во веб прелистувач, на мобилен телефон, на таблет, без потреба од дополнителен софтвер.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаДизајнот на фотоапаратот се карактеризира со едноставност. Нема премногу непотребни модови и функции. Тој има само две копчиња, за вклучување/исклучување и за фотографирање. Затоа пак, има интуитивен стаклен екран осетлив на допир кој овозможува сликите да се прегледуваат и рефокусираат директно на апаратот.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаЛајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаТехнологијата која ја користи Лајтро можеби е сложена, но начинот на работа овозможува едноставно користење од страна на секој, без разлика дали е професионалец или аматер.Лајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаЛајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаЛајтро – фотоапарат со кој можете да фокусирате откако ќе ја направите фотографијатаДоколку сакате да си набавите Лајтро фотоапарат, можете да си нарачате онлајн, а испораката ќе почне на почетокот на следната година. Постојат два модели, со 8 и со 16 ГБ, па зависно од ова и од бојата, цените се движат од 350 до 750 долари.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар