Креативни и необични 3Д фотографии во форма на топки
По револуционерната промена од развивањето на фотографии од филм во дигиталните фотографии, ваквото занимање стана новитет. Но, компанијата „Scandy“ решила да го промени тоа. Таа објавила дека собрала 1 милион долари за да ги претстави нејзините уникатни сфери на пошироката публика.
За да ги направи овие фотографии од 360 степени, корисниците ја употребуваат апликацијата Scandy и фаќаат панорамски фотографии или пак додаваат фотографии направени со обични фотоапарати во апликацијата. Оттука, самата апликација ја преработува таа дигитална информација и ја печати во 3Д форма, во една сферна фотографија која корисниците можат да ја држат во рацете.
Иако звучат необично, камерите и фотоапаратите кои прават слики од 360 степени се гледаат како искуство поминато во виртуелната реалност. Scandy гледа од другата страна и ги претвора 3Д фотографиите во преносни, џебни глобуси кои се совпаѓаат со светот на корисникот.
Топките не се единствените форми кои оваа апликација може да ги печати. Исто така, таа може да прави и минијатурни фигури и објекти. Корисниците на iOS веќе можат да ја симнат апликацијата од официјалната продавница, додека корисниците на Андроид ќе можат тоа да го направат до крајот на месецот.
Погледнете го и следново видео кое ни покажува као се печатат овие сфери…