Кои навики можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп?

Кои навики можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп?

Кои се најчестите навики кои можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп? Прочитајте во продолжение!

Кои навики можат да го скратат животниот век на вашиот лаптоп?

Држење во скут

Само затоа што се вика „лаптоп“ (lap на англиски значи скут) не значи дека треба постојано да го држите во скут. Не заборавајте дека процесорот е мозокот на компјутерот и може да прегрее пред сè како резултат на позиционирањето на лаптопот. Честопати вентилаторот се наоѓа на дното на лаптопот, каде што има мала вентилација. Но, ако тој отвор е покриен со панталони или ќебе, вашиот лаптоп може да се прегрее или внатре може да почне да се таложи прашина.

Никогаш не го исклучувате

Лаптопот треба да се исклучува барем на секои 2-3 дена. Лесно е да го поклопите капакот на лаптопот на крајот на вечерта, така што следното утро ќе се активира за неколку секунди, но ако го оставите постојано вклучен тоа значи дека нема да можете да ги добиете ажурирањата што ви се потребни. Затоа, исклучувајте го барем еднаш неделно.

Немате антивирусен софтвер

Антивирусниот софтвер е од суштинско значење за одржување на вашиот систем, бидејќи вирусите можат да направат голема штета врз вашиот лаптоп.

Истовремено чувате отворени премногу табови

Премногу отворени табови може да доведат до катастрофа. Не заборавајте дека колку повеќе вашиот процесор треба да работи, толку повеќе топлина ќе генерира, што на крајот ќе го скрати неговиот животен век.

Откако прочитавте за навиките кои можат  да го скратат животниот век на вашиот лаптоп, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатре.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар