Како изгледал Интернетот во минатото?
Можеби звучи чудно, но постоел период кога компјутерите не биле централниот дел во нашите животи. Овој период не е многу одамна, но луѓето кои не го искусиле сигурно сметаат дека станува збор за целосно различен свет. Дајл-ап конекцијата го правела поврзувањето на Интернет навистина бавно, а реткоста на компјутерите ги правела навистина возбудливи играчки. Она што сега го гледаме како застарена технологија некогаш се сметало за најголемо достигнување. Ако тогаш сте му кажеле на некого дека за неколку години во рака ќе држи мал компјутер со постојан пристап до Интернет, сигурно би ви рекол дека тоа е само научна фантастика. Па ајде да се потсетиме каков всушност бил Интернетот и што правеле луѓето во тој период.
1. Гледале серии на телевизија… по една епизода неделно!
Благодарение на Интернетот забораваме дека епизодите на сите серии излегувале еднаш неделно. Покрај тоа, луѓето го немале луксузот да ја изгледаат епизодата кога сакаат, туку желно чекале пред телевизорот за да почне. Сепак можеби има нешто убаво во тоа да имате цела недела да размислите за епизодата пред да ја изгледате следната.
2. Чекале да се отворат сликите
Со бавната брзина на Интернетот доаѓало и бавното отворање на веб-сајтовите. Пред појавата на безжичниот сигналот, ова чекање било нешто што мора да го прифатите ако сакате да видите што се случува на Интернетот.
3. Чекале за поврзување со Интернетот
Пред појавата на безжичниот Интернет, поврзувањето било многу побавно. Во повеќето домови потребно било да се приклучи телефонот со компјутерот и потоа да се чека за да се направи конекцијата.
4. Го исклучувале телефонот за да останат поврзани на Интернет
Луѓето зависеле од нивните дајл-ап модеми кои им биле врската со светот на Интернетот. Штом ќе се поврзете со Интернет, сигурно сакате и да останете поврзани. Но, ако некој го користи телефонот додека сте поврзани, вие ја губите конекцијата. За да го избегнат ова многу луѓе ги исклучувале нивните телефони додека биле на Интернет.
5. Податоците се чувале на дискети
Оние кои живееле во ерата на дискетите сигурно го знаат процесот на зачувување податоци на нив. Но проблемот бил што овие дискети се многу лесно уништливи, па бил вистински предизвик да ги пренесете податоците од едно место на друго без притоа да ги оштетите.
Продолжува на следната страница…