Изгледот на популарните сајтови: некогаш и сега
Автор: Ана Петровиќ
Драстичната промена на веб-сајтовите сведочи за еволуцијата на веб-дизајнот и технологијата. Веруваме дека секој од вас барем еднаш во денот ги посетува овие 5 најпопуларни веб-сајтови, кои одлучивме да ви ги прикажеме во нивниот првобитен облик.
Фејсбук
Колкумина од вас го памтат почетниот изглед на социјалната мрежа Facebook (на почетокот позната како Thefacebook), креирана во рамки на неколкумина студенти и цимери на основачот, Марк Закерберг? Од сосема мал проект кој на почетокот започнува со неколку (позајмени) долари, денес претставува најуспешна социјална мрежа која брои повеќе од милијарда корисници.
Гугл
Се сеќавате ли на Google од 1998 година? Изгледаше токму вака, основана од страна на двајцата студенти, Лари Пејџ и Сергеј Брин.
Google е познат по иновативниот систем на пребарување. Така, колку една веб-страница е повеќе посетена, толку почесто таа се појавува на првата страна, кога пребарувате поим поврзан со истата. Денес, ваквата техника ја користат поголемиот дел од интернет пребарувачите.
Јутјуб
Youtube, со самото настанување во 2005 година, ја започнува ерата на видео клиповите. Според истражувањата во 2006 година, на оваа страница дневно се прегледуваат 100 милиони видеа, а се поставуваат 65 илјади нови.
Јаху
Креиран во март 1995 година, воопшто не изгледа на она што е денес.
Твитер
Тешко е да поверувате, но втората по ред најпопуларна мрежа во светот, Twitter, некогаш изгледала токму вака. Од своето преставување во 2006 година, оваа социјална мрежа бележи огромен развој.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.