Интересни апликации кои секоја тинејџерка би требало да ги има

Интересни апликации кои секоја тинејџерка би требало да ги има

Автор: Софија Сионова

Без апликации нашите смартфони се само телефони. Постојат толку многу апликации кои е добро да ги имаме затоа што тие ни го организираат животот и му додаваат малку разонода на обичниот ден. Животот би бил досаден ако немаме со што да се занимаваме.

1-interesni-aplikacii-koi-sekoja-tinejdzherka-bi-trebalo-da-gi-ima-kafepauza.mk

1. Wanelo (iOS, Android)

Wanelo (WАnt-NЕed-LОve) е интересна апликација за шопинг и една од повеќето кои жените би требало да ги имаат. Со оваа апликација можете да зачувате сѐ што посакувате во форма на една голема листа на желби. Wanelo има стотици продавници и преку милион работи. Можете да ги следите вашите омилени продавници и пријателите. Можеби ќе го најдете совршениот фустан за на состанок или убава книга за мрзеливото попладне.

2. We heart it (iOS, Android)

Ако сакате да пронајдете мотивација за квалитетен тренинг, сакате да гледате уметнички фотографии, или пак облека и предмети, тогаш оваа апликација е како направена за вас. Освен тоа што гледате, можете да додавате и ваши или пак да „хартнете“ слики кои ќе стојат на вашето „платно“. Ако сте обожавател на фотографија, тогаш оваа апликација мора да се најде на вашиот телефон.

2-interesni-aplikacii-koi-sekoja-tinejdzherka-bi-trebalo-da-gi-ima-kafepauza.mk

3. Duolingo (iOS, Android)

Без разлика каде сме, некогаш знае да ни биде многу досадно, но учењето на нов јазик не би требало да биде. Duolingo е апликација преку која можете да научите нов јазик. Сѐ што треба да направите е да го изберете јазикот кој би сакале да го научите и да почнете. Duolingo ве учи да пишувате, зборувате, а дури можете да изберете цели и малку по малку да се трудите да ги постигнувате.

4. Wattpad (iOS, Android, Blackberry, Kindle fire)

Апликацијава е одлична алатка ако сте аматерски писател. Таа ви овозможува да ги објавувате вашите книги/приказни онлајн. Исто така, ако не ве бидува во овој оддел, тогаш можете да читате што напишале другите.

3-interesni-aplikacii-koi-sekoja-tinejdzherka-bi-trebalo-da-gi-ima-kafepauza.mk

5. Band of the day (iOS, Android)

Дури и на shuffle истата музика може да биде монотона и по одреден период да стане досадна. Оваа алатка е тука да го промени тоа. Нејзина функција е секој ден да ви претставува по еден бенд, а Band of the day има огромен вариетет од жанрови и можете да ги оцените вашите омилени, Кога ќе ви досади истата музика и ви е потребно нешто ново, ова ќе ве размрда.

6. Fashiolista (iOS, Android)

Иако е повеќе како социјална мрежа за откривање на нови модни парчиња, Fashiolista ви дозволува да направите листа на работи кои ги сакате, слично на Pinterest. Минусот е во тоа што не можете да ставите ваши фотографии на листата, но сепак на веќе додадените можете да го најдете изворот и онлајн да го купите она што сте го виделе.

4-interesni-aplikacii-koi-sekoja-tinejdzherka-bi-trebalo-da-gi-ima-kafepauza.mk_

7. Keeper (iOS, Android, Windows Phone, Kindle fire)

Вашиот телефон често е во рацете на вашите пријатели и постојано ви рошкаат по вашите фотографии, пораки и слично, но после ова тоа ќе биде невозможно. Keeper ви ги чува сите лозинки, кориснички имиња на други апликации и веб-страни. Исто така ако се одлучите да ставите лозинка на вашиот телефон, можете да зачувате информации кои не би сакале да ги заборавите. Ако ја заборавивте вашата лозинка, нема потреба да кликате Forgot Password туку само видете ја во Keeper.

8. Mathway (iOS, Android)

Математиката не ви е силна страна? Без грижи, оваа апликација е спремна на секој вид математички проблем без разлика дали се работи за алгебра, тригонометрија, статистика и сл. така што ќе ви го реши за само неколку секунди.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ivana Reply

    aaa wattpad, go obozavam, go imam veke edna godina, najdobar e 😀

Остави коментар