Интерактивна галаксија

Интерактивна галаксија

„Starfield“ е најновата инсталација на Lab 212. Станува збор за големо интерактивно ѕвездено небо, кое секој би посакал да го има во својот дом. Проектот воодушевува со неговата едноставност и оригиналност. Се заснова на софтверот „Open Frameworks“, на уредот Kinect, видео проектор и обична лулашка, чие движење манипулира со ѕвездите.Интерактивна галаксијаСензорот „Kinect“ е поставен зад лулашката и преку видео проекторот креира галаксија од ѕвезди, кои го следат ритамот на лулањето. „Open Frameworks“ овозможува да го конфигурирате речиси секој начин на движење. И рендерирањето е многу едноставно. Се состои од квадратчиња создадени во „OpenGL“. За поубаво доживување пожелно е да се користат 3Д очила. Преку следното видео, погледнете како изгледа кога патувате низ ѕвездите, без да ја напуштите вашата дневна соба. 🙂



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар