Инстаграм додава нова опција за вашите приказни: Музика!

Инстаграм додава нова опција за вашите приказни: Музика!

Инстаграм почнува да пее нова песна и набрзо истото ќе го можете и вие. Социјалната мрежа воведува свежа опција што им дозволува на корисниците да додадат музика на нивните Инстаграм приказни. Одличната нова функција беше пуштена вчера, на 28 јуни, во одредени држави, но набрзо ќе се рашири низ целиот свет.

Повеќе од 400 милиони луѓе ги користат приказните секојдневно. Благодарение на новиот бран корисници, оваа социјална мрежа воведува нов забавен начин да ги споделувате своите приказни со пријателите, како и да создавате креативна содржина. Без разлика дали објавувате фотографија или видео, вие ќе можете да го одредите тонот така што ќе додадете музика од растечката колекција со популарни песни. Инстаграм секојдневно ќе додава нови наслови, па набрзо ќе има стотици од кои ќе може да се бира.

Во моментов, оваа опција е достапна само во Америка, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Франција, Германија и Шведска, но оваа листа постојано ќе се зголемува.

Додавањето музика на вашите Инстаграм приказни е навистина лесно. Всушност, работи на истиот начин како и додавањето гифови или хаштагови. За да го направите тоа, едноставно треба да го отворите менито за стикери и да притиснете на иконата за музика. Потоа пребарајте ја вашата омилена песна и додајте ја на приказната. Тоа е тоа!

Вие можете дури и да додадете музика на видео пред да го снимите самото видео. Па, ако го местите телефонот за совршената снимка, тогаш можете да го одредите и тонот на видеото така што прво ќе ја одберете песната што сакате да оди во позадина (вклучувајќи и кој дел од песната сакате да се пушти). Звучи одлично, се согласувате? Тоа е како да можете да снимите и режирате сопствен мини филм.

А сега време е и за лошите вести. Оваа опција во моментов ќе биде достапна само на iOS, па корисниците на Андроид ќе треба малку да почекаат. Но, сигурни сме дека тоа нема да биде за долго, па и тие набрзо ќе се вклучат во забавата.

Дали и вие едвај чекате оваа опција да стане достапна и во Македонија? Во меѓувреме, дознајте и кои се 10-те најплатени Инстаграм профили!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар