Илустрација која ќе ви помогне подобро да ги разберете опциите на вашиот фотоапарат
Денес сите сакаме да бидеме професионални фотографи. Благодарение на сервисите како Инстаграм, на сите некако ни се засилува желбата да направиме што подобри фотографии, а релативно достапните DSLR апарати ни овозможуваат искуството да го развиеме на повисоко ниво. Но, за жал поседувањето професионален фотоапарат во рака не ве прави и професионален фотограф, па ако сте почетник и сакате да ги разберете основите на главните опции што ги нуди вашата нова дигитална играчка, многу ќе ви се допадне илустрацијата на Даниел Питерс.
Трите опции кои се дадени на илустрацијата го прикажуваат она што фотографите го нарекуваат триаголник на експозиција.
ISO е всушност сензитивноста на сензорот на апаратот на светлина.
Aperture е структура која се отвора и затвора и така одредува колку светлина ќе дозволи да навлезе додека истовремено ја менува длабочината на полето што пак одредува колку објекти ќе останат во фокус во рамките на една фотографија.
Shutter speed контролира колку време блендата ќе остане отворена додека се прави една фотографија. Колку е подолго отворена толку повеќе светлина леќата може да прими, но истовремено ќе предизвика замаглување доколку се појави движење при фаќањето на фотографијата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.