Илјадници Швеѓани имаат микрочипови за идентификација

Илјадници Швеѓани имаат микрочипови за идентификација

Пред само две децении помислата за вградување микрочипови за идентификација кај обичното население се гледала како футуристичка идеја. Но денес ова станува реалност. Над 4.000 Швеѓани добиле микрочип инпланти кои содржат важни детали за нивниот идентитет.

Илјадници Швеѓани имаат микрочипови за идентификација

Испитаниците повеќе од една година го користеле микрочипот за да извадат пари, да купат билети за филмови и концерти, па дури и да си влезат во домот или канцеларијата.

Компанијата што стои зад сето ова е „BioHax International“. Била основана пред 5 години од страна на Џоан Остерлунд, кој претходно професионално ставал пирсови.

Најраспространета примена на технологијата било купување билети за воз. Според железничката, само во јуни 2017-та година, околу 100 луѓе платиле со нивните микрочипови. Со текот на времето, тој број веројатно е пораснат.

Применувањето на технологијата е навистина едноставно. Корисникот треба да ја држи раката мирно додека кондуктерот го скенира чипот со смартфон. На овој начин ќе може да потврди дека патникот платил за патувањето.

Се разбира, процесот засега не е толку усовршен и постојат неколку ризици. Некои луѓе сметаат дека идентификацијата со микрочип може да го зголеми ризикот од „хакери на тело“ кои ќе имаат пристап до лични информации. Во минатото се појавиле и проблеми со социјалната мрежа Линкдин. Кога кондуктерот го скенирал микрочипот, не му се покажувале податоци за билетот, туку му се отворал Линкдин профилот на патникот. Токму овие проблеми се причина што технологијата засега е достапна само во Шведска.

Употребата на микрочиповите се зголемува. Во Шведска веќе неколку компании ги нудат инплантите бесплатно. Целта е да им се помогне на луѓето полесно да влегуваат во зграда или куќа и полесно да плаќаат во кафетерија или каде било.

Овој тренд е донекаде и контроверзен. Со самото тоа што сте вградиле чип, вие постојано ќе бидете „онлајн“. Како резултат на ова, луѓето ја заменуваат нивната слобода за безбедност.

Погледнете ги и овие футуристички направи што можете да ги купите уште денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар