I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем
Ви ѕвони телефонот, но не можете да го лоцирате во чантата или пак мора да го извадите од џебот пред да седнете во кафуле. Следниот чекор во светот на мобилната технологија се паметните часовници кои можете да ги носите на вашиот рачен зглоб. Сега, сите опции буквално секогаш ќе ви бидат „на рака“.I’m watch е производ на Италијанската компанија Blue Sky. Тие го претставуваат како првиот вистински smartwatch (паметен часовник), кој доаѓа со оперативен систем Андроид 1.6.Она што доаѓа спакувано во ова мало паметно издание е processor IMX233, можност за поврзување со Андроид-базирани телефони или со Ајфон преку блутут, 64MB RAM и флеш меморија со капацитет од 4GB за чување фајлови. Има аудио излез за поврзување со слушалки за да можете преку него да слушате музика, но и самиот поседува микрофон и звучник.Неговиот мултитач-екран е голем 1,54 инчи и е со резолуција од 240 на 240 пиксели. На него можете да ги изведувате сите стандардни движења со прстите кои се карактеристични за екраните осетливи на допир.
I’m watch претставува мобилен телефон, на кој можете да сурфате, слушате музика, радио, да си го организирате времето, да гледате слики и видеа, да ги користите социјалните мрежи, како и секакви други апликации кои би ви биле потребни.
Ќе биде достапен од јануари, 2012 година. Ќе го има во 7 различни бои (249 евра), плус едно специјално титаниумско издание (499 евра), и како луксузен накит во 4 варијатни: жолто злато, розово злато, бело злато со дијаманти и црно злато (од 9.999 евра).
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.