Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапарат

Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапарат

Автор: Маја Владимирова

Со оглед на популарноста на овој смартфон, не е зачудувачки што компаниите често нè изненадуваат со разни додатоци наменети за него, кои или го разубавуваат или му додаваат функционалност. Ваков новитет е и оваа футрола од „Photojojo“, која вашиот ајфон ќе го опреми со сите функционалности и карактеристики кои ги поседува еден класичен фотоапарат, како што се визирот (viewfinder), копчето за фотографирање (shutter button), бројчињата на леќата (aperture number) и стативот (tripod mount).Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутролата е додаток за ајфон на којшто љубителите на фотографијата нема да можат да му одолеат. Тој едноставно ќе го трансформира вашиот смартфон во фотоапарат кој можете да го закачите на вратот и да правите неверојатни фотографии со него.Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратИако оваа футрола е дизајнирана во „old-school“ стил, тоа нема никакво влијание врз фотографиите. Вие сè уште ќе ги добивате високо квалитетните фотографии карактеристични за ајфон, како и моменталното задоволство создавајќи ги истите.Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратИ додека вашиот ајфон е маскиран во фотоапарат вие сè уште ќе можете да ги користите неговите вообичаени функционалности.Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратДоколку ви се допадна овој додаток, можете да го добиете за 65 долари (само футролата) или за 99 долари (футролата заедно со три леќи).Футрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапаратФутрола која вашиот ајфон го трансформира во вистински фотоапарат


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар