Флипер со Ајпад – играчка за враќање во детството
За оние родени во осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години, видеоигрите што се играат на флипери се една од оние работи од детството што никогаш нема да се заборават. Тие сигурно би сакале за момент да се вратат назад низ годините преку овој необичен флипер, кој може да се користи со едноставно вградување на Ајпад во него.Наречен е Ајкејд и всушност претставува уред преку кој се ракува со Ајпадот. Така, наместо да се играат добро познатите игри на современиот уред, може да се користат ретро копчињата и рачката на Ајкејдот и со тоа да се добие чувство дека се игра на флипер. Една ваква играчка чини 100 американски долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.