Фејсбук-статус за бремени жени

Фејсбук-статус за бремени жени

Корисниците на Фејсбук сега ќе можат да наведат на нивниот профил дека очекуваат дете, како и датумот кога се очекува тоа да се роди и неговото име, се разбира доколку е одбрано. Корисниците на оваа социјална мрежа можат да додаваат членови од нивното семејство на нивниот кориснички профил, уште од декември 2010. Но, со новите промени, корисниците ќе можат да ја искористат опцијата „Expected: child“, за да им ја соопштат добрата вест на нивните пријатели. Фејсбук статус за бремени жениПред активирањето на оваа опција, родителите кои сакаа да ја споделат радоста, мораа да отвораат нов профил за нивното неродено дете, при што ги кршеа правилата на Фејсбук, според кои секој корисник мора да има минимум 13 години.
.

Додавање на статусот „очекувам дете“ на вашата сметка:
.

  • Изберете ја опцијата „Edit Profile“ на вашата профил-страница на Фејсбук.
  • Одберете го табот „Family and Friends“ и селектирајте ја опцијата „Add another family member“.
  • Од паѓачкото мени кликнете на „Expected: Child“.
  • Означете го датумот кога бебето се очекува да биде родено и впишете го неговото име, доколку сте го одбрале и сакате вашите пријатели да го дознаат.

Фејсбук статус за бремени жениВашата статусна промена ќе биде објавена и во јавниот дел за новости „news feed“, со која вашите пријатели ќе бидат информирани за новата голема промена во вашиот живот.

Кога била пуштена новата опција на 24 јуни, Фејсбук имал некој проблем во системот, при што шегобијците практично можеле да си ги додаваат имињата на нивните другари како бебиња кои допрва треба да се родат. Сега тој проблем е поправен.

Од формирањето на Фејсбук до денес, се направени доста промени во опциите за персоналните врски, што им овозможува на неговите корисници да ги прилагодат информациите кои сакаат да ги споделат, на начин на кој целосно ќе се претстават себеси.

Во февруари 2011, Фејсбук овозможи како љубовен статус да се одбере опцијата „in a civil union“ (во пристојна заедница) или “in a domestic partnership“ (во семејно партнерство). Оваа опција е корисна за нетипичните љубовни партнерства, како и за хомосексуалните двојки, а беше доживеана како извојувана победа на граѓанските права. Ваквата опција е активна за корисниците од САД, Канада, Велика Британија, Франција и Австралија.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Viviana Reply

    vat da fak sto e sledno? aj na bilbordi cel zivot da go izvadime svasta

Остави коментар