Едноставен и забавен начин да научите кинески јазик
Кинескиот јазик е еден од најтешките во светот. Поттикнат од овој факт, професорот по кинески Шао Лан, кој сега живее во Лондон, го креирал веб-сајтот Chineasy со идеја да го поедностави изучувањето на овој јазик преку лесни и забавни илустрации.

Личност
„Кога почнав да ги учам кинески, моите деца кои се родени во Англија, сфатив колку се тешки кинеските симболи за човек кому мајчин му е англискиот јазик. Тоа беше тортура за моите деца. Така потрошив многу години барајќи забавен и лесен начин за да ги научам да читаат кинески. После години истражување, сфатив дека ниеден метод не е доволно ефикасен. Така го направив она што би го направил и секој друг претприемач, создадов свој метод за изучување кинески: Chineasy. И знаете што. Успеав.“

Уста
Без разлика дали имате желба да учите кинески или пак можеби сакате да научите само неколку збора, овие паметни и забавни илустрации ќе ви помогнат да дојдете поблиску до целта.
- Популација (личност + уста)
- Сите
- Оган
- Планина
- Вулкан (оган + планина)
- Дрво
- Сонце
- Месечина
- Покрив
- Вода
- Жена
- Кавга (блок од две жени)
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.