Далечински ТВ управувач од иднината
Некои далечински управувачи во домот се преголеми, со премногу копчиња, со незгодна форма, а други пак нудат совршено корисничко искуство. Иако, од вториве има помалку, еве еден поинаков модел со футуристички дизајн и функционалност која ја овозможуваат единствено гестикулациите на корисникот во просторот.Далечнискиот ТВ управувач Gesture Remote овозможува сурфање низ ТВ каналите и другите медиумски содржини само со едноставни гестикулации, без допири. Тој воопшто нема тастатура и е револуционерен токму поради тоа што нема ниту едно копче.
Новата ера ги заматува границите помеѓу традиционалната телевизија и веб-базираните мултимедијални содржини, заради што нашиот однос со уредите кои ги користиме станува значително софистициран. Концептот за далечинскиот управувач Gesture Remote нуди сосема нов начин на интеракција помеѓу корисникот и ТВ приемникот во современиот дом. Гледањето телевизија со користење на Gesture Remote се претвора во магично и интуитивно искуство.
Виртуелни карактеристики на Gesture Remote:
– овозможува интеракција со телевизорот преку движење на палците и тоа за:
- лесно влечење и спуштање, позиционирање и селектирање на содржини, со помош на функционалноста на т.н. виртуелно глувче
- лизгање, ротирање, зумирање, селектирање на канали и контрола на јачината на звукот благодарение на виртуелните лизгачи
Gesture Remote ја користи технологијата GestIC од компанијата IDENT Technology за детектирање и следење на движењата на дланката, прстите или телото. Затоа е возможно контролирањето на уредите без потреба од допирање на екран, трекпед или тастатура.Технологијата GestIC овозможува револуционерен кориснички интерфејс преку тридимензионално следење на позиционирањето и препознавање на гестикулациите. Тоа е уникатна технологија, не само заради тоа што може да ја одреди позиционираноста, туку и заради можноста за одредување на насоките и јачината на движењата во 3Д просторот.