Часовник во вид на стилски прстен
Ring Clock е концепт-проект стар 2 години, но сега изгледа дека ќе успее да стане реалност благодарение на сервисот indiegogo. Креаторот на идејата Szikszai Gusztáv бил љубител на часовници, но не го сакал чувството да носи часовник на зглобот. Па така почнал да размислува да го обедини часовникот со прстен и го изработил проектот за кој рекол дека може да биде стварност за 10 години. За среќа, тоа се случува многу порано. Прстенот го кажува часот, минутите и секундите преку 3 ротирачки прстени. Изработен е од челик кој не ‘рѓосува и не прави алергии, водоотпорен е, но не е погоден за со него да се туширате. Има ЛЕД диоди кои можат да светат во портокалова или во сина боја. Откако ќе видите колку е часот, тој автоматски се гаси за да ја штеди батеријата. Батеријата трае една недела при нормална употреба (15 активирања во текот на еден ден), а се полни безжично на пад кој доаѓа со него.Прстенот е широк 14 мм, дебел 3-3,5 мм, а внатрешниот дијаметар може да биде од 15,7 до 23,8 мм.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Прекрасно! 😀