Часовник кој знае кога ќе умрете
Сите знаеме дека животот брзо проаѓа, но никој не е свесен колку брзо. За да се реши оваа дилема, шведскиот пронаоѓач Фредрик Колтинг го осмислил „Tikker“, часовникот кој мери колку години, денови, минути и секунди имате до смртта. Настрана од фактот дека звучи морбидно, Фредрик го нарекува „Часовник на среќата“ и тврди дека е дизајниран со цел да им помогне на луѓето да го живеат нивниот живот со полна пареа и да го ценат времето кое им преостанува. Пред да почнете да го користете ќе треба да пополните прашалник за вашата здравствена историја, од добиените резултати да ги одземете вашите години и одбројувањето може да започне. Воедно треба да одговорите дали пушите цигари и дали пиете алкохол, дали во фамилијата имате некој болен од рак, дијабетес и други болести, колку често спортувате и колку сте тешки.
После двегодишниот развој „Tikker“ е конечно спремен за производство, благодарение на донациите од веб-сервисот за собирање пари, Kickstarter. Часовниците чинат 59 американски долари, а ќе почнат да се продаваат во април, 2014 година.
„Од години до секунди, часовникот го репрезентира времето коешто постојано се движи и никогаш не запира, како и нашите животи кои полека се упатуваат кон финалниот одмор. Смртта не е изненадувачка појава за никој, но во нашето модерно општество ретко зборуваме за неа. Мислам дека доколку сме повеќе свесни за нашето заминување, ќе правиме подобри избори додека сме живи“ – вели Колтинг.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.