Брзо и лесно: Дознајте кој ве тргнал од листата на пријатели на Фејсбук
Некому ова ќе му изгледа непотребно и глупаво, но да бидеме искрени, многумина од нас се имаат запрашано дали и кои пријатели нè имаат отстрането од својата листа на пријатели.
Ако користите Mozilla Firefox или Google Chrome инсталирајте го додатокот „Unfriend Notify for Facebook“ кој ќе ви овозможи да видите кој повеќе не ве следи на Фејсбук. Во моментот кога некој ќе кликне на „Unfriend“ под вашата слика, вие тоа ќе го дознаете и тоа без знаење на оној кој ве тргнал од листата на пријатели.
Инсталирајте го додатокот за Фајрфокс или Хром, појдете во листата на пријатели преку јазичето „Friends“ и таму ќе ја забележите новата опција „Lost Friends“, каде што ќе ги видите имињата и сликите на пријателите кои ве имаат „откачено“ од Фејсбук.
Па изгледа и не ви биле баш некои пријатели…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.