Апликации кои ќе ви го олеснат семејниот живот

Апликации кои ќе ви го олеснат семејниот живот

Во семејството никогаш не е лесно да внимавате на сѐ, но доколку во вашиот џеб имате смартфон тогаш имате и ваш личен асистент. Во продолжение ви претставуваме неколку апликации кои ќе ви бидат од помош и кои значително ќе ви го олеснат секојдневието.

(2)-aplikacii-koi-kje-vi-go-olesnat-semejniot-zhivot-kafepauza.mk

1. Bring

Брзајќи од работа сте влегле во продавница и сте купиле неколку продукти кои прво ви дошло на памет дека ви се потребни, но и вашиот сопруг се сетил на истите, па сега имате неколку векни леб, но немате млеко. Инсталирајте ја апликацијата Bring – паметна и едноставна шопинг листа која лесно можат да ја користат и децата. Доволно е да ги изберете симболите на производите кои треба да ги купите, а кога шопингот ќе биде завршен повторно кликнете на сликите и апликацијата ќе ги извести останатите членови на семејството што сѐ сте купиле. Bring може бесплатно да ја спуштите за Aндроид и за iOS.

2. DogSync

Ако чувате куче, оваа апликација ќе ви биде добредојдена. Со нејзина помош полесно ќе можете да ги распределите љубовта и вниманието кои му се потребни на вашето куче за тоа да биде среќно и задоволно. Кога ќе извршите некоја обврска поврзана со кучето, штиклирајте го тоа во апликацијата и сите останати ќе бидат известени. Исто така со DogSync ќе можете и да следите кој од семејството најмногу се грижи за домашните миленици. Таа е достапна за Андроид и за iOS, а чини еден, односно два долари во зависност од платформата.

(1)-aplikacii-koi-kje-vi-go-olesnat-semejniot-zhivot-kafepauza.mk

3. Sleepwalker’s Journey

Иако повеќето родители сметаат дека видеоигрите се лоши за децата, понекогаш треба да потклекнат пред предизвикот и заедно со своите деца да изиграат некоја убава игра како што е оваа. Moonboya e одвеан од месечината надвор од својот кревет и сега чекори низ соништата. Потребна му е помош да се врати во својот кревет, па вие треба да му помогнете да помине низ различни препреки, решавајќи загатки во светот на имагинацијата, бидејќи во играта вие ги создавате соништата. Оваа апликација исто така е достапна за Андроид и за iOS.

4. Cozi

Овој календар е идеален бидејќи сите од семејството секогаш ќе знаат точно што треба да направат. На едно место, покрај термините со обврски, се наоѓа и заедничката шопинг листа, но има уште многу корисни алатки поврзани со вашето семејство. Апликацијата може да ја преземете тука.

(0)-aplikacii-koi-kje-vi-go-olesnat-semejniot-zhivot-kafepauza.mk

5. Tweekaboo

Сите кои сакаат да чуваат спомени од мали или големи настани во нивните животи, ќе го обожуваат овој убаво дизајниран дигитален споменар. Наместо пишување во шарени тетратки и бележници, ставајте слики, белешки или видеа на Tweekaboo. Содржината може да ја споделите на социјалните мрежи, а може да додавате и нови фотографии од Дропбокс или Инстаграм. Оваа апликација е достапна за Андроид и за iOS.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар