Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб

Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб

Алката Embrace+ се носи на зглобот на раката како накит, но се поврзува со вашиот смартфон кој може да се наоѓа во вашиот џеб или чанта. Многу големи компании веќе иновираат технолошки производи кои можат да се носат на телото, па овој изум не е нешто неочекувано, но дефинитивно е многу практичен и кул.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглобНаместо постојано да го проверувате вашиот мобилен телефон за пропуштени повици и пораки, како и за нотификации од социјалните мрежи кои ви го прават денот позабавен, со Embrace+ ќе бидете известувани со вибрации и со промена на бојата на алката. На тој начин, алката известува преку комбинација од визуелни и тактилни знаци, додека вашиот телефон е надвор од вашиот видик и настрана од вашиот досег.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглобМожете да добивате нотификации за дојдовните повици, за СМС пораки, имејл, родендени, кога батеријата на телефонот ви е празна, како и за апдејти на социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук, Тамблр, Инстаграм и Линкдин.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглобАлките доаѓаат со апликација која овозможува да се одредат поставките за нотификации според преференциите на корисникот. Така тој може да одлучи за што да биде известен, кога, колку често и на кој начин. Променлива е бојата, која може да биде различна за различни видови нотификации, како и интензитетот и времетраењето на светењето и вибрациите.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглобПроизводот беше поставен на сајтот Kickstarter со цел изумителите да соберат пари за финансирање на производството, но пред истекот на рокот тие ја надминаа целта од 80.000 долари за трипати.

Алката е изработена од проѕирен силикон, во неа се вградени ЛЕД светла, користи магнетно полнење наместо стандардно преку УСБ и е водоотпорна. Ќе биде достапна во неколку различни бои, а сега можете да ја нарачате однапред за 69 долари.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб

Би носеле ли вие алка?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар