9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзо
Без разлика каков паметен телефон имате, сигурно и вам ви е познат проблемот со брзото трошење на батеријата. Бидејќи телефоните се скапи, многу е важно правилно да ги одржувате, со цел да го одложите процесот на купување нов. Погледнете кои се најчестите причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши толку брзо и во иднина обидувајте се истите да ги избегнувате.
1. Светлината на екранот ви е поголема
Ако батеријата на вашиот телефон се празни премногу брзо, тогаш можеби треба да ја намалите светлината на вашиот екран. Или изберете помала светлина или пак поставете ја опцијата за автоматско прилагодување на екранот според светлината во вашата околина. Така ќе бидете во можност непречено да ракувате со вашиот телефон, а истовремено ќе ја заштедите и батеријата. Исто така настојувајте секогаш да го исклучувате екранот кога ќе завршите со негово користење, односно, не оставајте го да свети доколку не ракувате со него.
2. Вашиот телефон постојано бара Интернет мрежи
Пристапот до отворени Интернет мрежи може да ви ја намали месечната сметка за телефон, но, постојаното барање кога сте надвор од вашиот дом или од местата каде што ја имате сочувано лозинката од мрежата, може значително да ја потроши вашата батерија. Доколку не ви е потребен Интернет во одреден момент, исклучете ја таа опција.
3. Постојано имате известувања
Известувањата од многу апликации кои ги имате во вашиот телефон се уште еден виновник за трошењето на вашата батерија. Ако вашиот телефон постојано светка, вибрира или ве известува со некој звук, веќе ви е јасно зошто не успевате да ја задржите батеријата дури ниту еден ден. Изберете да добивате известувања само од оние апликации кои ви се важни, а останатите исклучете ги.
4. Имате апликации кои работат во позадина
Во опциите на вашиот телефон можете да проверите кои од апликациите најмногу користат од енергијата на вашата батерија. Овде ќе ги забележите оние кои најчесто ги користите, но исто така можете да бидете изненадени од некоја друга, која работи во позадина. Проверете и исклучете го сѐ она што не ви е потребно и ќе видите колку подолго ќе трае вашата батерија.
5. Премногу ги користите апликациите
Доколку пред крајот на денот вашата батерија секогаш е празна, тогаш време е да погледнете во вашите дневни навики. Сосема во ред е да ги користите апликациите кои ви ги нуди вашиот паметен телефон, особено затоа што тие може да бидат многу корисни во секојдневието, но, не користете ги истите без потреба. Доколку постојано ги проверувате социјалните мрежи, снимате видеа или пак играте игри, тогаш многу веројатно е дека вашата батерија ќе се испразни.
6. Користите апликации кои повеќе трошат батерија
Ако сте зависник од апликации кои користат голем број податоци, тогаш вашата батерија побргу ќе се потроши, за разлика од оние кои користат помалку. На пример, доколку се обидувате да ја сочувате батеријата, тогаш одлучете се да ги прочитате најновите вести, наместо да ги слушате, или пак интересното видео поставено на Фејсбук оставете го да го гледате кога ќе стигнете дома.
7. Апликациите и податоците автоматски се синхронизираат
Автоматската резервна копија на вашите фотографии или синхронизирањето на апликациите звучи како добра идеја, но ако батеријата на вашиот телефон постојано се испразнува во средина на денот, тогаш можеби подобра идеја е да го направите тоа рачно или пак кога ќе го поврзете телефонот со вашиот компјутер.
8. Вашиот софтвер не е ажуриран
Постојат повеќе причини поради кои треба да го ажурирате вашиот оперативен систем и апликациите. Имено, ваквите ажурирања ќе ги поправат евентуалните грешки кои постојат. Најдобро е да ја користите последната достапна верзија на оперативниот систем, така што ќе имате корист од најновите подобрувања.
9. Вашиот телефон има проблем со хардверот
Доколку ги променивте своите навики и сѐ уште имате проблеми со батеријата, тогаш можно е да имате проблеми со хардверот. Во зависност од тоа каков телефон имате, од каде сте го купиле и колку е стар, можете да побарате стручно мислење и да дознаете дали нешто не е во ред со него.