Претходно
7 супер трикови за поинтересни фотографии со вашиот смартфон
Со камерите на смартфоните можат да се направат некои интересни работи кои фотографиите од просечни и вообичаени ќе ги претворат во неверојатни.
Видеото подолу ќе ви покаже 7 такви супер трикови, со кои ќе можете:
- да направите забавна панорамска фотографија во секвенци
- да направите панорамска фотографија во движење
- да зумирате далечни објекти без додавање на скапи леќи
- да зумирате блиски објекти (макро) со помош на капка вода
- да го подобрите светлото при фотографирање на портрети
- сами да направите трипод и да правите селфи фотки без да се гледа раката
- да фотографирате под вода со смартфон кој не е водоотпорен